Јавните набавки под засилена контрола

Bez autora
Sep 19 2013

Нови и подобрени алатки за борба против корупцијата, стеснување на просторот за манипулации, за обиди за наштетување на државниот интерес и за средствата на граѓаните, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, кои вчера поминаа на прво читање на Законодавно-правната комисија во Собранието. Според предлагачот, Министерството за финансии, со овие дополнувања се предлагаат и неколку нови иновативни решенија што треба да придонесат за севкупното унапредување на системот за јавни набавки. Со новите законски решенија се обезбедуваат нови и подобрени алатки за борба против корупцијата, стеснување на просторот за манипулации, за обиди за наштетување на државниот интерес и на средствата на граѓаните или, пак, противправно обезбедување на имотна корист, штитење на јавниот интерес со предвидување норми, со кои се отстрануваат можните влијанија и субјективизмот, директно и позитивно се одговара на барањата на деловната заедница.

Јавните набавки под засилена контролаНови и подобрени алатки за борба против корупцијата, стеснување на просторот за манипулации, за обиди за наштетување на државниот интерес и за средствата на граѓаните, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, кои вчера поминаа на прво читање на Законодавно-правната комисија во Собранието.

Според предлагачот, Министерството за финансии, со овие дополнувања се предлагаат и неколку нови иновативни решенија што треба да придонесат за севкупното унапредување на системот за јавни набавки.

Со новите законски решенија се обезбедуваат нови и подобрени алатки за борба против корупцијата, стеснување на просторот за манипулации, за обиди за наштетување на државниот интерес и на средствата на граѓаните или, пак, противправно обезбедување на имотна корист, штитење на јавниот интерес со предвидување норми, со кои се отстрануваат можните влијанија и субјективизмот, директно и позитивно се одговара на барањата на деловната заедница.

- Македонија е лидер во регионот во користењето нови иновативни методи и средства за доделување на договорите за јавни набавки, особено во сферата на користење електронски средства. Затоа системот на јавните набавки и неговата правна рамка мора да покажат одредена доза на флексибилност заради прилагодување кон новите текови и иновативни решенија - се вели во образложението од Министерството за финансии.

Конкретно, се уредува профилот на економски оператор на ЕСН, со што се олеснува докажувањето на неговата лична состојба, се воведува експлицитна забрана за групирање на ставки, при што се воведува обврска договорниот орган да побара согласност од Државната комисија за жалби по јавни набавки за да може да го објави огласот за јавна набавка, доколку за поединечн ставка или целиот дел нема доволно понудувачи кои може да се пријават.

Една од главните новини што се предлагаат е задолжително прикачување на тендерската документација на ЕСН со што истата ќе стане достапна во електронска форма во истиот момент кога се објавува огласот за јавна набавка. Со тоа се напушта досегашната востановена пракса тендерската документација да се подига од кај самиот договорен орган и да се наплаќа за истата, што значително ја ограничуваше конкуренцијата и интересот на економските оператори за учество во постапките за доделување договори за јавни набавки.

Едно од дополнувањето на Законот е обврската за објавување на проценетата вредност во огласот за јавна набавка со цел понудувачите да имаат одредена индикација за средствата кои договорниот орган ги планира за реализација на предметниот договор.

Уште едно решение кое се предлага со овие измени и дополнувања на законот е воведување дополнителен чекор кај постапките каде е добиена само една прифатлива понуда или е останата само една прифатлива понуда. Со ова на единствениот понудувач му се дава можност да ја намали првично понудената цена само еднаш со што ќе се добие неговата конечна цена.

Со дополнетото законско решение значително се зајакнува позицијата на Државната комисија за жалби по јавни набавки со проширување на нејзините надлежности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik